Search

Џони Мичел доби награда на Центарот Кенеди

Легендарната канадска музичарка Џони Мичел се појави во јавност во неделата за да ја прими една од најпрестижните награди во американската уметност.

Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден , исто така, присуствуваа на доделувањето почести во престижниот Кенеди центар во Вашингтон. Претходниот претседател Доналд Трамп ја прескокаше престижната уметничка церемонија по критките на одликувани уметници.

Во текот на настанот, неколку пејачи, вклучувајќи ги Нора Џонс и Британи Хауард, изведоа некои од класиците на Мичел.

Признанија добија и актерката Бет Мидлер и основачот на „Мотаун“ (Motown) Бери Горди.

Стиви Вондер ја предводеше четиричасовната гала на славни ѕвезди во Вашингтон.

Секоја година, Центарот Кенеди им оддава почит на кариерите и достигнувањата на уметниците кои помогнале да се обликува културниот живот во САД.

Треба да знаете
Последни објави