Search

Џенифер Анистон откри кој е виновен што „Пријатели“ нема да има нови епизоди

Иако од емитувањето на последната епизода од серијата „Пријатели“ поминаа дури 14 години, нивни бројни фанови се надеваат дека славната шесторка повторно ќе се обедини во нови продолженија.

Речиси сите актери порано или подоцна потврдиле дека тоа нема да се случи, но и понатаму упорно ги потпрашуваат дали се предомислиле.

Промовирајќи го својот нов филм на „The Late, Late Show“, Џенифер Анистон му открила на Џејмс Корден каков е нивниот сегашен став за снимање на нови епизоди.

„Ние девојките секогаш велиме дека би сакале повторно да работиме, но момците од некоја причина не се ‘загреани’ за таа идеја. Не знам зошто. Така што, веројатно за 40 години ќе го објавиме само римејкот на Златните девојки“, рекла актерката.

На почетокот на оваа година и режисерот Кевин С. Брајт потврдил дека нема да има нови епизоди.

„Сакам да го повторам тоа што го кажа Дејвид Крејн: ‘Собирање на 50-годишници во кафуле, едноставно би било патетично.’ Кога повторно би снимале, би биле истите актери, но не не и истата серија“, рекол тој.

Треба да знаете
Последни објави