Search

Џака во центарот на обложувачки скандал во Англија

Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло во Арсенал, Гранит Џака е под истрага на националната криминалистичка агенција поради основано сомнение дека намерно добил жолт картон на мечот со Лидс на 18 декември лани.  Веќе шест месеци Фудбалската Асоцијација (ФА) спроведува истрага за случајот, наводно и дека постојат докази за тоа дека намерно го добил жолтиот картон, но сега целиот случај го презема криминалистичката агенција која сериозно го истражува случајот.

Алармот бил вклучен откако била забележана ненормално голема сума на пари кои се уплаќаат по обложувачниците дека Џака ќе пожолти, иако Арсенал имал убедлива предност од 4-1 во завршницата на мечот. И сомнежите за „местенката“ со цел да се измамат обложувачниците се зголемуваат зашто Џака жолтиот картон го добил пред крајот на мечот и тоа бидејќи – задржувал време.

Судијата Андре Маринер му покажа жолт картон поради одолговлекување на изведувањето на слободниот удар, а 20-на секунди стоел до топката без желба да изведе.

Според англиските медиуми, има една уплата од 50.000 фунти од неименуван обложувач дека Џака ќе добие жолт картон и добил 250.000 фунти.

Ако успеат да докажат дека Џака намерно пожолтел со цел трета страна да заработи, му следува драконска казна и исклучување од Премиерлигата. Во 2018 година, Бредли Вуд од Линколн сити доби шест години суспензија откако било докажано дека намерно добил жолт картон, за еден од неговите пријатели да заработи од обложувачница.

Треба да знаете
Последни објави