Search

Ѓаволска работа заврши Роналдо за Солскјер

Англискиот фудбалсли премиерлигап Манчестер јунајтед со пресврт ја совлада италијанската Аталанта (3:2) во третото коло од групната фаза во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите. Џаволска работа на „Олд Трафорд“ вечерва за тренерот Оле Гунар Солскјер заврши искуснот Кристијано Роналдо на девет минути пред крајот на мечот со постигнувањето на победничкиот гол. Ретко кој очекуваше ваков епилог, а по водството на Аталанта од 0:2 по првото полувреме речиси сите почнаа да му ги пакуваат куфериоте на Норвежанецот Солскјер. Гостинот од Бергамо поведе со говите на Пашалиќ во 1 минута и на Демирал во 29. минута. Но, во второто полувреме „црвените ѓаволи“ се разбудија и постигнаа три гола. Резултатскиот пресврт го најави Маркус Рашфорд во 53 минута, во 75 минута Хари Мегваер го израмни резултатот, а победата ја обезбеди Кристијано Роналдо на девет минути до крајот.
За разлика од Јунајтед кој со тешка мака стигна до победата, фаворитите Баерн Минхен и Челзи немаа такви проблеми и славеа со по 4:0 против Бенфика односно Малме.
Баварците во Лисабон како гости со убедливи 0:4 ја совладаа Бенфика и уште еднаш покажаа зошто се еден од главните фаворити за трофејот во ЛШ. Првото полувреме заврши без голови, но затоа во последните 20 минути од средбата, Лерој Сане погоди два пати, Левандовски еднаш, а четвртиот гол беше автогол на Евертон.

Актуелниот европски шампион Челзи ја оправда улогата на фаворит и со 4:0 го совлада Малме со двата гола на Жоргињо, на Хаверц и на Кристенсен.

Резултати од вечерашните натпревари во ЛШ:

Група Е
Барселона – Динамо Киев 1:0
Бенфика – Баерн Минхен 0:4
Табела: Баерн М. 9 бода, Бенфика 4, Барселона 3, Динамо Киев 1.

Група Ф
Манчестер јунајтед – Аталанта 3:2
Јанг Бојс – Виљареал 1:4
Табела: Манчестер јунајтед 6 бода, Аталанта 4, Виљареал 4, Јанг Бојс 3.

Група Г
Салцбург – Волфсбург 3:1
Лил – Севилја 0:0
Табела: Салцбург 7 бода, Севилја 3, Лил 2, Волфсбург 2.

Група Х
Челзи – Малме 4:0
Зенит – Јувентус 0:1
Табела: Јувентус 9 бода, Челзи 6, Зенит 3, Малме 0.

 

 

Треба да знаете
Последни објави