Search

Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен кадешто се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на несреќата, бидејќи хеликоптерот се урнал во непристапен и опасен терен.
Во страотната несреќа синоќа загина НБА легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џана Марија и уште седуммина во хеликоптерот кој се урна во Калифорнија. Идентитетот на сите загинати во несреќата официјално не е соопштен.

Дарил Озби, началник на противпожарната единица во округот Лос Анџелес, изјави дека местото на несреќата е тешко за пристап и дека пожарникарите морале да се искачуваат до местото на несреќата. Медиумите пишуваат дека не е познато колку патници било одобрено да се превезуваат во хеликоптерот и дека засега не е познато дали тој бил преоптоварен.

Треба да знаете
Последни објави