Search

Јункер вчудовиден од неспособноста на Тереза Меј

Европската Унија е подготвена да ѝ даде на Британија дополнителни натамошни објаснувања за договорот за брегзит, но нема повторно да преговара за договорот или за неговиот протокол за границата со Ирска, рече во вторникот претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, претседателот на Европската комисија рече дека е „вчудовиден“ од неспособноста на премиерката Тереза Меј да го протурка низ британскиот парламент договорот постигнат минатиот месец со ЕУ.

Истакнувајќи дека тој ќе се состане со Меј во Брисел во пресрет на Самитот на ЕУ, кој ќе се одржи в четврток и в петок, Јункер рече: „Договорот што го постигнавме е најдобар можен и единствениот можен. Нема простор за повторно преговарање за тоа”.

„Но, се разбира, има доволно простор за дополнително појаснување и објаснување без да се отвори договор за заминување”, рече тој. „За договорот за напуштање нема повторно да се преговара.”

Треба да знаете
Последни објави