Search

Јувентус четири кола на стартот од новата сезона не знае за победа

Екипата на Јувентус не знае за победа на стартот од нвоата фудбалска сезона во Серија А. По четири одиграни кола „старата дама“, која доминираше во изминатат деценија со освојување на Скудетото не може да дојде до победа со што го повтори најлошиот старт во една сезона во својата клупска историја. Последен пат Јувентус имал ваков лош старт по четири кола пред шест децении, во далечната 1961 година.

Јувентус има освоено само два бода, а еден од нив е од синоќешното реми во дербито против Милан (1:1). Шанса за првиот триумф, „старата дама“ ќе има за два дена, кога за противник ќе ја имаат Специја во рамките на 5. коло од најсилното италијанско натпреварување.

Треба да знаете
Последни објави