Search

Јувентус нова дестинација за Вилијан

Напаѓачот на Челси, Вилијан и дефанзивецот на Верона, Мараш Кумбула се фудбалерите за кои се интересира италјанскиот шампион Јувентус, пренесуваат тамошните медиуми. Според „Кориере дело спорт” Јувентус може да го добие Бразилецот во јануари следната година. Претходно беше објавено дека клубот сака да го ангажира Вилијан како слободен агент.
Неговиот договор со Челси истекува на крајот на оваа сезона.
И Кумбула исто така може да се пресели во Торино за време на зимскиот трансфер период.
Триесет и едногодишниот Вилијан оваа сезона настапи на 15 натпревари за Челси и постигна три гола со три асистенции.

Треба да знаете
Последни објави