Search

ЈП Комунална хигиена – Скопје отвори ново одделение за грижа за корисниците

Од 1 јуни 2020 година, во ЈП Комунална хигиена-Скопје официјално ќе започне да функционира новОдделение за грижа на корисниците.

„Преку отворањето на ова Одделение ќе им излеземе во пресрет на сите потреби на нашите корисници што се однесуваат на административното работење на Претпријатието. Веќе започнавме со електронска достава на фактури, додека најзначајната новина што најпрво ќе ја воведеме секако е можноста за онлајн-плаќање, којашто на граѓаните значително ќе им го олесни процесот на плаќање на сметките за собирање и транспорт на комунален отпад. Сите свои останати барања, нашите корисници ќе можат да ги достават токму во ова Одделение, во чијшто состав ќе се наоѓа и архивата на Претпријатието.

 Зад нас е еден особено тежок период, кога во услови на светска пандемија, вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно беа излезени на скопските улици спроведувајќи низа вонредни мерки и активности, со цел максимално да ја одржат хигиената и чистотата на нашиот град и да го заштитат јавното здравје. Во овој момент ние од граѓаните на градот Скопје бараме да ни возвратат преку редовно плаќање на своите сметки за собирање и транспорт на комуналниот отпад, затоа што платите на вработените во ова Претпријатие се обезбедуваат исклучиво преку наплатата на нашите побарувања.”  изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

На отворањето на Одделението за грижа за корисници на ЈП Комунална хигиена-Скопје присуствуваше и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, којшто нагласи дека Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со активностите за расчистување на стрништа и истакна дека во согласност со потребите и барањата на корисниците неодамна се воведени низа подобрувања на услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните.

Одделението за грижа за корисници на ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе функционира од понеделник до петок, во терминот од 07-19 часот, а корисниците ќе имаат можност да се информираат и по електронски пат, на е-адресата: grizazakorisnici@khigiena.com.mk. Воедно, сите потребни обрасци што се однесуваат на барањата на корисниците ќе бидат објавени и на веб-страницата: www.khigiena.com.mk.

За оние граѓани коишто добиваат заеднички сметки на ЈП Комунална хигиена-Скопје и ЈП „Водовод и канализација”, во Одделението за корисници е поставен и апарат со којшто ќе можат да извршат електронско плаќање на овие побарувања.

Треба да знаете
Последни објави