Search

Јеремиќ по средбата со преставници на ЕП: За СзС заврши илузијата за можно учество на изборите

Претседателот на Народната партија (НС) и претседавач со опозицискиот Сојуз за Србија (СзС), Вук Јеремиќ, по вечерашните разговори со посредниците од Европскиот парламент изјави дека „илузијата” за можното учество на пролетните избори „вечерва е завршена”.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, Јеремиќ истакна да „нема дилема дека СзС ќе остане на одлуката за бојкот на изборите и ќе продолжи со бората за промена на изборните услови”, додавајќи дека пораката ја разбрале и европратениците.

–  Што се однесува до СзС, ова беше последна средба во оваа фаза од борбата за фер и чесни избори, изјави Јеремиќ.

Тој додаде дека утрешната средба со претставниците на другите партии кои учествуваат во дијалогот меѓу власта и опозицијата за изборните услови, ќе биде „формален обид за да се дојде до крај на политичката криза”. Тој им се заблагодари на европските партнери за ангажманот, но додаде дека резултатите изостанале.

– Само еден човек одлучува дали ќе се одржат фер избори, а тоа е Александар Вучиќ, посочи Јеремиќ.

Тој потенцираше дека е можно во меѓувреме, пред тие фер избори, кои тој ги очекува, да се одржат уште некои избори „на кои ќе учествуваат Вучиќ, Шешелj, Васиќ и Чанак” и истите ги оцени како „непотребен трошок и замор за граѓаните”.

– Изборите мора да бидат одложени, порача председавачот со СзС, додавајќи дека Србија мора повторно да ги воспостави демократските институции.

Во Делегацијата на ЕУ во Белград со медијаторите на Европскиот парламент, Тања Фајон и Владимир Билчик се сретнаа Вук Јеремиќ (НС), лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ, претседателот на Заедно за Србија (ЗзС) Небојша Зеленовиќ, претседателот на Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац, Александар Ивановиќ од Социјалдемократската партија и Борко Стефановиќ од Партијата за слобода и правда (ССП).

Претходно денеска, како што јави МИА, Вук Јеремиќ во име на СзС најави дека в петок, во знак на предупредување ќе ги блокира сите влезови на РТС, поради незадоволство од извествуњето на Јавниот сервис.

Треба да знаете
Последни објави