Search

Јанев бара да оди на преглед во Жан Митрев

Oсомничената Катица Јанева е во лоша здравствена состојба и нејзиите бранители бараат да биде однесена во болницата Жан Митрев, дознава Либертас од извори од судот.

За Либертас од Жан Митрев оваа информација не ја потврдуваат бидејќи такви информации не споделувале со јавноста.

Неофицијално, Јанева преку своите адвокати понудила спогодба во пресрет на подигнување на обвинението во истрагата Рекет, но првите обвинители не потврдија дека нема да има спогодба.

Вилма Русковска денеска ќе поднесе обвинение за истрагата за „Рекет“ и ќе побара продолжување на мерката притвор за Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Таа вели дека остануваат истите квалификации за осомничените.

Треба да знаете
Последни објави