Search

Ѓорѓиев ја освои светската титула во кикбокс

Златен медал во доминантен стил на Светското првенство, кое се одржува во Италија, освои денеска најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев.

До златниот медал во категоријата до 81 килограми во дисциплината лоу кик, Ѓеорѓиев дојде со четири победи со максимални 3-0, совладувајќи го во финалната борба Никола Дробњак од БиХ.

Ѓорѓиев претходно беше светски шампион во 2011, 2013 и 2015 година во дисциплината кик-лајт.

Треба да знаете
Последни објави