Search

Ѓоковиќ од „Род Лејвер Арената“: И покрај се, останувам тука!

Новак Ѓоковиќ по победата во судот во Мелбурн замина директно во Род Лејвер Арената и испрати силна порака до светот.

“Задоволен сум и благодарен што судијата ја поништи одлуката да ми се одземе визата. И покрај се што се случи, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тоа. Летав овде за да играм на еден од најпознатите важни настани што ги имаме, и тоа пред неверојатни навивачи. Засега не можам да кажам ништо освен ВИ БЛАГОДАРАМ што бевте со мене низ сето ова и што ме охрабривте да останам силен!“, заклучи Новак Ѓоковиќ во своето обраќање на Твитер.

Утрово судијата на Федералниот суд во Мелбурн, Ентони Кели, ја усвои жалбата на Ѓоковиќ поради укинувањето на визата од страна на австралиската гранична служба и нареди негово ослободување од имиграцискиот притвор во рок од 30 минути по завршувањето на сослушувањето.

Претходно, ноќта на 6 јануари, на Србинот не му беше дозволен влез во Австралија поради недоволни податоци за медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус, но спортистот ја оспори оваа одлука на суд.

Ѓоковиќ е деветкратен и актуелен шампион на Австралија опен. Вкупно, 34-годишниот Србин има освоено 20 титули на Грен слем турнирите, исто толку имаат и Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Треба да знаете
Последни објави