Search

Шпанија по две продолженија подобра од Австралија

Кошаркарската репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Светското првенство во Кина откако со 95:88 по две продолженија беше поуспешна од Австралија.

Австралијците има за што да жалат затоа што во вториот дел од натпреварот постојано беа во предност, освен на 8.7 секунди до крајот на средбата кога Шпанија дојде до резултат 71:70.

Во следниот напад, најдобриот играч на Австралија, Пети Милс беше трагичар затоа што на само 4.7 секунди до крајот на средбата реализираше само едно од двете слободни фрлања и со тоа натпреварот го однесе во продолженија, наместо да завери победа за својата селекција.

По продолженијата „фуријата“ бшее поуспешна, најмногу благодарение на одличниот Марк Гасол кој само во последната четвртина и во двете продолженија постигна неверојатни 22 поени.

Токму Гасол беше предводник на Шпанците со 33 поени, а го следеа Рики Рубио со 19 поени и 12 асистенции и Љуљ со 17 поени.

Кај Австралија најпрецизен беше Пети Милс со 32 поени, но може да се каже дека тој ќе го носи епитетот трагичар на овој натпревар поради нереализираното слободно фрлање на неколку секунди до крајот на средбата.

Противник на Шпанија во големото финале на Мундобаскетот ќе биде подобрата селекција од вториот полуфинален натпревар помеѓу Аргентина и Франција.

Треба да знаете
Последни објави