Search

Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка

Градоначалникот Петре Шилегов како одговорен на градскиот кризен штаб и како прв човек во градот треба да ја споделува маката на граѓаните кои во Скопје останаа три дена затворени. Тој она што го направи е избега од Скопје во Маврово и не беше под карантин.

Освен градот што остана без градоначалник, кој со оглед на неговата неработа и не е некоја загуба, остана и без првиот човек на кризниот штаб што пак повлекува и кривична одговорност.
Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка.

Што се однесува до денес промовираниот кружен тек треба да одговори зошто истиот е преплатен.
На пример кружниот тек во Влае кој го изгради претходникот на Петре Шилегов чинеше 50 милиони денари, а дијаметарот е 40 метри, 13 канделабри, со опфатено проширување на Партизански одреди.
А денес Шилегов промовираше кружен тек кој е 4 пати помал а чини 20 милиони денари.
Разликата отиде во нечиј џеб, во кој треба да одговори Шилегов

Треба да знаете
Последни објави