Search

Шилегов: Матка е на сите граѓани, а не само на Сарај

По обвинувањата од градончалникот на Сарај, Блерим Беџети за дивипоставените платформи во кањонот Матка, за кои на тапет се најде и Петре Шилегов,  „таткото“ на Скопје не остана должен.  Беџети се пожали дека врз него се вршело притисок да се урне само една од трите платформи на Матка, со цел да се замачкаат очите на јавноста, на што првиот човек на Скопје, Шилегов рече дека ваквото тврдење е делумно точно.

– Побарав да се сруши платформата која што беше започната да се гради годинава, а за која градоначалникот на Сарај тврдеше дека е постоечка и дека се врши реконструкција. Всушност, реакцијата на скопјани, беа токму за градењето на таа платформа, а гледам дека се проширува. Поради тоа го повикав Беџети кај мене во кабинет и од него побарав платформа која беше започната да се прави да биде предмет на рушење. Тој изјави дека и останатите две се дивоградби. Ние немаме никакви ингеренции за дивоградбите, каков е статусот на останатите две платформи во езерото Матка не ми е познат. Тогаш како градоначалник на Скопје изреагирава на тоа што сите во тој момент реагираа – рече Шилегов на денешното појавување пред новинарите.

Беџети излезе во јавноста со обвинување и дека врз него се вршел политички притисок од страна на СДСМ на што Шилегов возврати дека за таквиот негов впечаток ќе треба да се праша првиот човек на Сарај.

– За мене нема политички притисок од страна на СДСМ или од градоначалникот на Скопје со тоа што е побарано владеење на правото – додаде Шилегов, и напомена дека не може општина Сарај да распишува референдум околу ингеренциите за кањонот Матка, бидејќи тоа е природно богатство кое им припаѓа на сите граѓани.

Беџети најави дека ќе распише референдум ако Владата им ги одземе надлежностите за Матка, а Шилегов пак смета дека со кањонот треба да управуваат сите, Општината, Градот и државата.

Треба да знаете
Последни објави