Search

Шест најдобри диети за дијабетичари

Исхраната за заболените од дијабетес мора да биде исклучително здрава. Правилната исхрана помага во контролирање на шеќерот во крвта, зачувување на телесната тежина и одржување на доброто расположение.

 

Неколку познати диети комплетно им се прилагодени само за лицата со дијабетес, а во прилог прочитајте за некои од нив:

Стандардна диета

Водете сметка за тоа колкава е вашата порција со храна и колку калории има во неа. Од исхраната исфрлете ја пржената храна, слатките, пијалаците богати со шеќери и целото она што е солено или мрсно. Наместо тоа, фокусирајте се на исхрана богата со зеленчук, интегрални житарици, млечни производи со низок процент на масти, овошје и здрави масти. Можеби ќе морате да јадете на интервал од само неколку часа, за да одржите рамнотежа на шеќерот во крвта.

Медитеранска диета

Оваа здрава диета изобилува со многу овошје, зеленчук, риба, пилешко, ореви, бадеми, маслиново масло и интегрални житарици. Меѓутоа, она што би требало да го избегнувате е црвеното месо, путерот и солта. Истражувањата покажаа дека оваа диета може да помогне во одржување на нивото на шеќер во крвта. Исто така, за време на ручек слободно можете да се напиете и по една чашка вино, но Американското здружение за дијабетес не препорачува повеќе од една чашка алкохолен пијалак за жени, а не повеќе од две за мажи.

Dash Диета

Нутриционистите го препорачуваат овој план на исхрана бидејќи е добар за намалување на крвниот притисок. Во рамките на оваа диета се консумира овошје, зеленчук, млечни производи со ниско ниво на маснотии, интегрални житарици, ореви и грав. Истражувањата покажаа дека, ако се придржувате до оваа диета, можете лесно да го контролирате и нивото на шеќер во крвта, но исто така и да ослабите.

Диета зона

Целта на оваа диета е да се задржи стабилноста на шеќерот во крвта. Оброците треба да содржат 40 отсто јаглен хидрати, 30 отсто протеини и 30 отсто масти. Јаглен хидратите се рангираат како добри или лоши врз основа на гликемискиот индекс. На пример, можете да јадете пилешко, но не смеете компири или жолчка. Истражување од 2015 година ни покажа дека оваа диета има позитивно дејство на губењето на телесна тежина. Сепак, пред да се одлучите за оваа диета потребна е консултација со доктор.

Палео диета

Идејата на оваа исхрана е во вашето мени да се најде целото она што луѓето го јадеа пред модерната цивилизација, односно кога беа ловци-собирачи. Тоа значи дека нема млечни производи, рафинирани шеќери, житарици, како и преработени растителни масла. Можете да јадете овошје и зеленчук, месо (од животни кои се хранети строго со трева), риба, ореви и семки.

Вегетаријанска и веганска исхрана

Ограничувањето или избегнувањето на животински производи како пилешко, риба и јогурт, може да биде здрав начин на исхрана. Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат растителна храна внесуваат повеќе влакна, а помалку калории и масти.

Треба да знаете
Последни објави