Search

Шеснаесетгодишен девец освои билет за оргии

Победник на натпреварот за бесплатен билет за т.н. „Секс исланд холидеј“ е 16-годишниот девец Брајан. Тоа е контроверзен настан што трае четири дена на карипски остров, а на мажот што ќе купи билет од 4.600 фунти му гарантира неограничен секс со најмалку две девојки.

Во овој случај, компанијата што стои зад сето ова организираше натпревар и гарантираше дека на победникот ќе му ги покрие сите трошоци.

Среќникот Брајан по потекло е од Чиле, живее со своите родители во Њујорк, а за да учествува на натпреварот ги користел податоците од кредитната картичка на својот татко без да му каже.

Тој, исто така, вели дека родителите биле лути на него кога им кажал што прави, но неговиот татко на крајот попуштил. Иако неговата мајка и понатаму се противи, Брајан во вторникот отпатува за Тринидад и Тобаго, пишува „Сан“.

Таму, заедно со уште 50 мажи кои платија пат и билети, ќе биде со многу девојки на луксузен брод.

Мајката на Брајан не разговара со него откако ѝ кажал дека добил билет за „Секс исланд“. Таткото сакал да оди со него, но организаторите не му дозволиле.

Стоматологот Рајан од Њујорк, кој неодамна уживал на „Секс исланд“, тврди дека секој маж може да избере две девојки кои се со него цело време и ги исполнуваат сите негови сексуални желби. Тој, исто така, тврди дека дрогите се бесплатни за сите и дека е дозволено да учествуваат во групен секс со 15 девојки за еден час.

Треба да знаете
Последни објави