Search

Шерон Стоун во непрепознатливо издание дели бизарни совети

Актерката Шерон Стоун (62) го поддржа движењето #BlackLivesMatter по насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Таа сними бизарно видео за тоа како да се направи безбедна просторија.

„Здраво, луѓе. Сега сме среде хаос. И, ако сте некаде каде што се чувствувате несигурно, треба да го направите oва. Најбезбедно место во вашата куќа би можела да биде бањата затоа што, најверојатно, таму ги имате најмалите прозорци“, ја почнува својата објава.

Потоа продолжува со бизарни совети.

„Може да ставите неколку ќебиња и перници во кадата во случај да спиете таму“, порачува таа.

На крајот на видеото таа им рече на своите следбеници да не паничат.

„А ако мислите дека ќе ве фати паника, земете какви било лекови против паника или нешто што сакате да го имате со вас“, заклучи таа.

Сепак, овие бизарни совети беа засенети од нејзиниот испиен изглед.

Sвездата на „Ниски страсти“ честопати е опишувана како вино – колку е постара, толку е подобра. Нејзиното ново издание што се појави на социјалните мрежи ги изненади фановите, кои одвај ја препознаа.

Треба да знаете
Последни објави