Search

Шведска компанија на вработените им дава слободни денови за мастурбација

Шведска компанија на вработените им дава слободни денови за мастурбација

Шведската компанија за производство на сексуални играчки и кондоми „Лело“ ќе им дава слободни денови за мастурбација на своите вработени, пишува „ЛАД библ“.

Овие денови официјално ќе се нарекуваат „Денови на љубовта кон себе“. Вработените ќе имаат право на четири такви дена во кои ќе може да ѝ се посветат на својата сексуална сатисфакција, а компанијата ги охрабрува за време на тие денови да се погрижат за онолку оргазми колку што им е потребно за да се релаксираат.

И ако ова ви изгледа како тотална глупост, серијата британски истражувања покажуваат дека всушност има добра основа. Имено, резултатите од анкетата спроведена на 2.000 Британци покажаа дека најсреќни ги  прават – оргазмите.

Речиси 78 отсто од нив на прашањето што ги направило среќни, одговориле дека тоа е оргазмот, без оглед на тоа дали го постигнале со својот партнер или самостојно. 66 отсто рекле дека по оргазмот, се чувствуваат попродуктивни, а 40 отсто рекле дека придобивките од оргазмот ги чувствувале и една недела подоцна.

Треба да знаете
Последни објави