Search

Шварценегер поминал на црвено и предизвикал сообраќајка како на филм

Актерот и политичар Арнолд Шварценегер имал сообраќајна незгода во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол. Локалната полиција соопшти дека четири возила се судриле на раскрсница и дека едно лице е повредено.

На фотографиите од местото на несреќата се гледа џип што е буквално легнат врз еден автомобил, а Шварценегер стои во близина. Засега никој не е приведен, а полицијата соопшти дека никој од учесниците не бил под дејство на дрога или алкохол.

Според полицискиот извештај до кој дојде Си-Би-Ес, возачот на џипот поминал на црвено и свртел лево, по што удрул во друг автомобил, што завршил под него, а во судирот се оштетени уште две возила.

Сведоците велат дека сцената изгледала „лудо“, како од акционен филм.

Портпаролот на Шварценегер изјави дека актерот не е повреден и дека на лице место разговарал со припадниците на итната помош и со повредениот, возачот на вториот автомобил, кој не е во животна опасност.

 

Треба да знаете
Последни објави