Search

Шарлиз Терон откри како се чувствувала кога прв пат ја видела ќерката

Шарлиз Терон мислела дека нејзината ќерка изгледа како „мал гуштер“ кога ја видела прв пат.

44-годишната актерка ги посвои Џенскон и Август во 2012 и 2015 година, и призна дека била шокирана кога прв пат ја запознала својата намјлада ќерка затоа што лицето ѝ било покриено со „тешка егзема и изгледала слично на лушпест влекач“.

Говорејќи во поткастот Five Things Podcast за списанието W Magazine, таа рече: „Јас се сеќавам кога ја видов Џексон прв пат. Излегов од автомобилот и ја видов низ прозорецот. Некој ја држеше, а срцето како да скокна од моето тело а јас не можев да го фатам. Фактот, емотивното чувство дека ќе чувам дете беше многу  импресивно.

„Да, тоа е навистина неверојатно, навистина е неверојатно и втор пат се сеќавам дека морав да чекам два часа за да ја запознаам. Тоа беа најлошите два часа во мојот живот, и ја запознав, и таа изгледаше како мал гуштер,“ вели актерката.

„Никогаш нема да го заборавам тој момент. Таа имаше сериозна егзема. Се сеќавам на жената што се грижеше за неа и таа рече дека изгледа малку груба. Но јас од првиот момент кога ја видов си реков: Ова е моето бебе! Јас мора да го имам ова мало гуштерче.“

Треба да знаете
Последни објави