Search

Чурлинов: Ако Шалке не сака да го откупи договорот, ќе се борам за место во Штутгарт

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов по сезоната помината на позајмица во Шалке ќе се врати во Штутгарт, откако двата германски бундеслигаши не се договорија за трансфер. Шалке со кој Чурлинов избори враќање во бундеслигашката конкуренција изрази желба да го откупи договорот на Чурлинов, но Штутгарт побара три милиони евра отптета што за тимот од Гелзенкирхен беше многу.

Штутгарт не се согласи Чурлинов да остане на нова позајмица и следната сезона, бидејќи Шалке не го испочитувал догворот за задолжителен откуп идното лето.

-Навистина уживав минатата сезона во дресот на Шалке со фантастичните навивачи на овој тим. Сепак, доколку Шалке не успеа да се договори со Штутгарт и доколку овој клуб не сака да продолжам таму, тогаш ќе се вратам во Штутгарт. Знам дека конкуренцијата е огромна, но ќе одам таму и ќе се борам за место во тимот – изјави Чурлинов.

Штутгарт го купи Чурлинов од Келн, а македонскиот репрезентативец минатата сезона одигра 22 натпревари за Шалке и постигна осум гола.

Треба да знаете
Последни објави