Search

Четри лица пренесени во Болница по пожарот во КПД Шутка

Четри лица пренесени во Болница по пожарот во КПД Шутка

Четири лица од КПД „Шутка“ каде што денеска избувна пожар во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се пренесени на Клиниката за токсикологија каде се следи нивната состојба.

Докторка Шпреса Хасани од Итната медицинска помош во изјава вели дека четирите лица побарале лекарска помош и оти од страна на лекар од КДП „Шутка“ е повикана Итната медицинска помош по што лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во гаснењето на пожарот интервенираа пет возила и 11 пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави