Search

Четири техники со кои ќе се ослободите од стравот од летање

Ако имате паничен страв од летање, не грижете се, бидејќи тоа е сосем нормална работа и се случува кај повеќе луѓе отколку што мислите. Добро е да знаете дека постои начин на кој можете да го остраните или да го ублажите стресот при летање.

Во продолжение можете да прочитате четири техники кои се покажаа како успешни при намалување на анксиозноста и стравот од летање. Со применување на овие техники, би требало да се чувствувате многу поудобно и помирно при летот.

Подгответе се за летот

Пред летот пробајте неколку техники за смирување кои ќе ви ја намалат анксиозноста, бидејќи психичката подготовка е клучна. Имајте на ум дека вашите стравови не се реални и дека се наоѓате во авион – најбезбедното превозно средство.

Не читајте вести

…посебно не пред да полетате. Благодарение на интернетот ја имаме можноста да сме информирани за секоја можна вест во било кое време. Кога ќе се случи некоја авионска несреќа, сите приказни и вести околу неа прават да се чувствувате како да сте биле таму. Воопшто нема да ви помогнат ваквите вести.

Дистракција

Кога се подготвувате за летање обезбедете си доволно забавни работи кои ќе ви креираат дистракција. Некоја интересна книга, стрип или списание се одлични занимации за време на лет, а тие ќе ви помогнат и да се опуштите. Не заборавајте слушалки.

Дишете

Една од најважните работи за контрола на стравот и стресот од летање е контролата над дишењето. Ако почувствувате стрес, вдишувајте длабоко и издишувајте низ уста, но без брзање. Доколку мислите дека не можете да го регулирате ова самите, симнете некоја апликација која ќе го прави тоа наместо вас.

Треба да знаете
Последни објави