Search

Четири европски земји потпишаа договор за набавка на 400 милиони вакцини

Италија, Германија, Франција и Холандија потпишаа денеска договор со фармацевтската компанија „Астразенеца” за набавка на вакцина против новиот коронавирус за европските граѓани, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

Договорот се однесува на 400 милиони дози вакцина, која е развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Експерименталната фаза е веќе во тек и се очекува да биде завршена до есен, напиша Сперанца на Фејсбук.

Тој додаде дека првата испорака на дозите од вакцината ќе биде достапна до крајот на годинава.

Владите на земјите од ЕУ и дадоа мандат на Европската комисија да води преговори за набавка на перспективни вакцини против Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави