Search

Челси анулира три гола и се спаси од пораз на гостувањето кај ВБА

Челси избегна нов пораз англиската фудбалска Премиер-лигата, овој пат во 3. коло на гостувањето против ВБА. „Сините“ и покрај негативата од 3-0 по првото полувреме успеаја да стигнат до реми 3-3.

Со два гола на Робинсон во првите 25 минути, ВБА веќе имаше предност од 2-0, а Бартли во 27. минута веќе зголеми и на 3-0.

Домаќините направија „од готово – вересија“, дозвилувајќи му на гостинот од Лондон во второто полувреме преку Маунт во 54. минута, Хадсон-Оди во 70 и Абрахам во 93. минута да избегнат пораз.

Треба да знаете
Последни објави