Search

Црна Гора официјално расчисти со короната

Црна Гора официјално расчисти со пандемијата од коронавирусот и стана првата држава во Европа која може да каже дека го нема на својата територија Ковид 19. Црна Гора денеска го исполни најстрогиот критериум според кој епидемијата се одјавува кога нема да има ново заразени во двоен период потребен за инкубација.

Со денешниот ден во Црна Гора официјално нема регистрирани случаји на заболени од коронавирусот 28 дена. Како што соопшти Институтот за јавно здравје во земјата вчера направениот пресек анализирани се 86 примероци на корона вирусот. Бројот на активни случаји останал на нула, се вели во дописот.

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата регистрирани беа 324 инфицирани случаји со коронавирусот, од кои 315 се излекуваа, а девет лица починаа.

 

Треба да знаете
Последни објави