Search

Цароска: Ги покачуваме пензиите за 900 денари идната година, за две и пол години просечната пензија расте за околу 1.700 денари

Пензиите од јануари идната година ќе пораснат за 700 денари, заедно со усогласувањето, растот ќе изнесува околу 900 денари, рече потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат” во Пробиштип.

Ветивме дека ќе заштедиме и ќе ја намалиме дупката во ПИОМ. И докажавме дека и покрај реформата што ја спроведуваме пензиите можат да растат и тоа се покажа точно, просечната пензија за две години порасна за осумстотини денари, со зголемувањето од 900 денари од наредната година таа ќе порасне за околу 1.700 денари, споредено со претходно, рече Царовска.

Направивме одлични чекори, платите растат, економијата расте и сега пензиите можат да континуирано да растат, нагласи на граѓанската трибина под мотото „На прав пат” во Пробиштип.

Треба да знаете
Последни објави