Search

Царинскиот терминал Ќафасан изграден со средства од европските фондови

Во понеделник во 13.00 часот, свечено ќе биде отворен новоизградениот царински терминал на граничниот премин Ќафасан, во близина на Струга. Реновирањето на терминалот, кое беше финансирано од Европската Унија, треба да ја олесни прекуграничната трговија долж Коридорот 8. Тоа ќе овозможи подобри услуги за економските оператори и ќе придонесе за зајакната безбедност на земјата и нејзините граѓани.

На настанот, официјално ќе се обратат премиерот Зоран Заев, Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Нина Ангеловска, министер за финансии и Ѓоко Танасоски, генерален директор на Царинската управа.

Во изминатите години, ЕУ инвестираше речиси 325 милиони евра во транспортната инфраструктура на земјата. Беа изградени и обновени повеќе од 100 км автопат, 64 км патишта во повеќе од 40 општини и 60 населби, 16 км железница и 11 железнички станици. Изградбата на овој терминал, во вредност од 1,7 милиони евра, беше дел од овие активности. Тоа е еден од стратешките гранични премини за земјата, каде што границата годишно ја поминуваат 1,5 милиони патници и 100.000 камиони.

Треба да знаете
Последни објави