Search

Хрватскиот новинар Духачек прогласен за виновен и ослободен од притвор

Новинарот од хрватскиот портал Индекс, Гордан Духачек е пуштен од притвор по сослушувањето и откако беше прогласен за виновен поради навредување на полицијата. Тој треба да плати казна од 100 евра.

Полицијата соопшти дека тој бил приведен поради тоа што не се одзвал на претходниот повик од полицијата, а откако било утврдено дека на пријавената адресе не живее веќе подолг период.

Духачек беше обвинет поради два твита, при што во едниот го напишал светски познатиот антиполициски акроним ACAB (All cops are bastards – Сите цајкани се копилиња), а во вториот сатирично ја обработил родољубивата песна „Вила Велебита”.

– Ме товарат за еден твит, во кој пишува ACAB. А втора работа, ме товарат бидејќи од зафрканција објавив сатирична верзија на Вила Велебита, која се однесува на фекалиите кои се излеваат во Јадранското Море. Тука сум обвинет поради навреда на моралните чувства на граѓаните. Ги навредила преработка на стара песничка, која никој не ја слуша, изјави Духачек.

Пресудата за сатиричната обработка на песната допрва претстои да биде донесена.

Треба да знаете
Последни објави