Skip to main content
Балкан

Хрватската Владата донесе одлука на сите пензионери пред Божиќ да им исплати по 80 евра

05/12/2024  11:31

Хрватската Влада денеска одлучи пред католлички Божиќ на сите пензионери и корисници на државниот додаток за стари лица да им исплати еднократен додаток од 80 евра, за што ќе бидат осигурани околу 100 милиони евра, јави Хина.

Еднократен паричен додаток, овој месец ќе им се исплати на корисниците на пензија остварена во Република Хрватска во задолжителното пензиско осигурување и на корисниците на националниот надоместок за стари лица фатени во исплата за месец ноември 2024. Министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјални прашања, Марин Пилетиќ потсети дека Владата досега има донесено девет одлуки за еднократна исплата на надоместоците на пензионерите, за што се издвоени над 612 милиони евра од државниот буџет.

“Тој додаток од 80 евра ќе им биде исплатен на сите наши пензионери“, рече тој, посочувајќи дека одлуката е резултат на договор со претстаниви на пензионерски здруженија во државата.

Во Хрватска има еден милион и 228.000 пензионери и 17.500 корисници на национален додаток за стари лица.