Search

Хрватската амбасадорка во ЕУ во изолација

Постојаната претставничка на Република Хрватска во Европската унија, Ирена Андраши, била во контакт со лице од Советот на ЕУ, кое е заразено со коронавирусот, поради што таа започна да го следи предвидениот протокол и е во самоизолација за претпазливост, дознава „Хина“.

Според здравствениот протокол, сите што биле во контакт со заразено лице треба да бидат во изолација.

Досега се потврдени два случаи на инфекција со коронарнавирус во институциите на ЕУ, еден во Европската агенција за безбедност и еден во Советот на ЕУ.

Вториот вонреден состанок на министрите за здравство на ЕУ, свикан од хрватскиот министер Вили Берош во однос на ширењето на епидемијата на коронавирусот е во тек во Брисел.

„Целта на оваа средба е да се разменат мислења за ширењето на болеста и причините поради кои толку многу луѓе се заразени на подрачјето на ЕУ“, рече министерот Берош пред почетокот на состанокот.

Треба да знаете
Последни објави