Search

Храна што не смеете да ја јадете на празен желудник

Според многу истражувања, иако одредена храна е здрава сепак не треба да се внесува на празен стомак, бидејќи може да предизвика негативни последици.

Погрешниот избор на појадок може да му наштети на нашето тело. Што треба да се избегнува како прв дневен оброк?

1. Цитрусни плодови

Портокалот, лимонот, мандарините се богат извор на витамин Ц, но исто така содржат киселина која може да ја оштети слузокожата на желудникот и да предизвика болки во устата.

2. Јогурт

Јогуртот е здрав, но не треба да се консумира на празен желудник бидејќи се губат сите добри бактерии во желудочната киселина. Тој содржи вредни млечни бактерии добри за цревната флора, но истите се губат со консумирањето на празен желудник.

3. Свеж зеленчук

Свежиот зеленчук треба да се избегнува како прв оброк бидејќи предизвикува надуеност и болки во стомакот.

4. Банани

Бананите содржат многу шеќери, јадењето банана на празен желудник може да доведе до проблеми со цревата, а внесувањето шеќери во утринските часови може да ве направи поспани и без енергија по неколку часа. Најдобро е бананата да ја комбинирате со друга храна.

5. Домати

Доматите се богати со витамини и доста се хранливи. Но, не треба да ги консумирате на празен желудник бидејќи можат да предизвикаат болки во стомакот и киселини во желудникот.

6. Студени пијалаци

Студениот пијалак од било кој вид може да предизвика иритација во стомакот и цревата. Подобро е да се напиете чаша топла вода пред појадок бидејќи ја подобрува дигестијата, циркулацијата и помага во губењето тежина.

Треба да знаете
Последни објави