Search

Хорор во фудбалски клуб во Нови Пазар: Тренерот со месеци силувал 14 годишник

Фудбалскиот тренер Д. Т. (28) од Нови Пазар е уапсен под сомнение дека лани во неколку наврати силувал малолетно момче (14), кое тренирало во клубот каде уапсениот работел.

Според неофицијални информации, Д. Т. го принудувал момчето неколку месеци да доаѓа во неговиот стан каде што ја силувал и сексуално го злоупотребувани, а за возврат му ветувал успешна фудбалска кариера.

Бидејќи веќе не би можел да ја трпи тортурата, детето се повлекло во себе и го привлекло вниманието на неговите пријатели и наставниците кои го упатиле на разговор со училишниот психолог. Тогаш момчето рекло дека е жртва на сексуална злоупотреба, па психологот го информирал директорот и родителите, а и полицијата почнала истрагата. Од медицинскиот преглед било потврдено дека детето било силувано.

Осомничениот пред четири години, заедно со други двајца млади мажи, бил уапсен во Виена под сомнение дека малтретирале, тепале и уценувале деца од кои зеле над 20.000 евра. Подоцна бил осомничен дека сексуално нападнал неколку деца, но не е познато дали бил осуден.

Сепак, пред една година се вратил во Србија, но го променил презмето, односно го зел презимето од својата мајка, по што се вработил во школото за фудбал, каде добил отказ пред новата гдина кога се дознало за неговото минато во Австрија.

 

Треба да знаете
Последни објави