Search

Хорор во Белград: Откриени три тела во септичка јама, убиецот се убил пред една недела

Драгослав Јовановиќ, кој пукаше во својата сопруга минатата година во Нов Белград е осомничен за убиство на три лица. Станува збор за Ш.Н. (1997), неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М., пишува Вечерњи новости.

Нивното исчезнување е пријавено на 10. јуни. Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, полицијата откри три тела во септичка јама во населбата Сурчин, за кои е утврдено дека припаѓаат на исчезнатите.

Полицијата се сомнева дека 25 годишниот Драгослав Јовановиќ ги убил својата мајка, тетка и уште едно 42 годишно лице, а потоа ги фрлил во септичката јама. Според првичните наоди тој пред да ги убие се изживувал врз нив и ги малтретирал.Се испитуваат мотивите, а не се исклучени и нерасчистените сметки во врска со работата која ја водел Јовановиќ.

Според истрагата, Јопвановиќ наводно ја повикал помошничката од својата перална, ѝ рекол дека има посебна задача за неа и дека добро ќе ја плати „но да го држи јазикот зад забите“.

Жената потоа раскажала дека во неговото „БМВ x5“ имало траги од крв.

Драгослав Јовановиќ истата вечер на 10 јуни, после тројното убиство на друга локација, пукаше во својата сопруга и ја погоди со три куршуми во градите, а потоа си пукаше во главата.

Почина по три дена, а неговата сопруга сѐ уште се опоравува од обидот за убиство врз неа.

 

Треба да знаете
Последни објави