Search

Холанд со неверојатно достигнување во текот на сезоната

Со вчерашниот гол против Шалке 04, напаѓачот на Борусија (Дортмунд), Ерлинг Холанд веќе има 10 погодоци во Бундеслигата. Така, младиот Норвежанец веќе има по најмалку 10 гола на три различни натпреаврувања оваа сезона. Уште поимпресивен е фактот дека во два од нив – Лигата на шампионите и германскиот шампионат, тој ги постигна на помалку од 10 натпревари.

Холанд ја започна кампањата во Ред Бул Салцбург, каде постигна 16 гола на 14 натпревари во австриската елита. Тој настапи неверојатно со тимот и во Лигата на шампиони, што многу помогна за неговиот трансфер во Дортмунд. На овој турнир, Холанд постигна 10 гола на само 8 натпревари. Осум од головите беа за „биковите”, а другите 2 – за „жолто-црните”.

Откако пристигна во Германија во зима, 19-годишниот играч има одиграно 9 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи 10 гола.

До крајот на сезоната има уште кола во првенството, па така тој може да ја зголеми својата гол сметка.

Треба да знаете
Последни објави