Search

Холандски научници го потврдија присуството на коронавирусот во канализација

Холандските научници успеаја да го пронајдат коронавирусот во градските отпадни води пред да се пријави случај на инфекција со „Ковид-19“, со што го претставија новиот систем за рано предупредување за болеста што предизвикува пневмонија, пишува „Блумберг“.

Коронавирусот САРС-КоВ-2 често се лачи во столицата на заразено лице. Иако е малку веројатно дека инфекцијата ќе се пренесе преку канализацијата, зголемувањето на циркулацијата на патогени во заедниците ќе ја зголеми количината која се влева во канализациските системи, изјавија Гертјан Медема и колегите од Институтот за истражување на водите во КВР во Невеген.

На 5 март тие го пронајдоа генетскиот материјал на коронавирусот во пречистителната станица за отпадни води во Амерсфорт, пред да се пријави некој случај во градот кој се наоѓа на околу 50 километри југоисточно од Амстердам.

На 27 февруари, Холандија го потврди својот прв случај на „Ковид-19“ и откри дека неколку дена подоцна, здравствените работници заболеле од инфекција во јужниот дел на земјата, што значи дека вирусот се шири.

Медема и неговите колеги од Институтот за истражување на водите известија дека ова е првиот извештај за откривањето на САРС-КоВ-2 во канализацијата.

„Откривањето на вирусот во канализацијата, дури и кога концентрацијата на коронавирусот е мала, укажува на тоа дека надзорот на канализацијата може да биде одлична алатка за следење на циркулацијата на вирусот“, велат експертите.

Треба да знаете
Последни објави