Search

Хелен Мирен објави утринско селфи, а за возврат побара нешто што ги натера сите да и аплаудираат

Познатата актерка со англиско потекло Хелен Мирен објави фотографија без шминка на лицето и ги замоли обожавателите за добротворна донација.

Легендарната холивудска актерка, 74-годишната Хелен повторно ги изненади своите фанови на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од кревет, на која позира без шминка на лицето и со разбушавена, неисчешлана коса.

https://www.instagram.com/p/B-ZzKsmjGkH/

„За возврат на оваа фотографија, која буквално беше создадена како прва работа по будењето, ве молам за донации за помош на интензивната нега. Ви благодарам многу“, напиша актерката.

Фановите го прифатија нејзиното барање без многу размислување, и решија да помогнат и да придонесат во борбата против пандемијата на коронавирус на планетата.

Треба да знаете
Последни објави