Search

Хари и Вилијам ги негираат тврдењата за меѓусебни навреди и малтретирања

Војводата од Сасекс и војводата од Кембриџ ги негираа наводите во британските медиуми за нивните односи, пренесува Би-би-си.

Во соопштението од принцовите Хари и Вилијам, опишани се изјавите како „навредливи“. Ова следи откако извор за „Тајмс“ изјави дека Хари и Меган почувствувале дека биле избркани поради „малтретирањето“ на Вилијам.

Браќата треба да се сретнат со кралицата и принцот од Велс подоцна за да разговараат за иднината на Хари и Меган.

Парот сака да се повлече од кралското семејство, истовремено да станат и финансиски независни.

Во изјавата во име на Хари и Вилијам се вели: „И покрај јасните негирања, лажна приказна се појави денеска во британски весник, шпекулирајќи за односот помеѓу војводата од Сасекс и војводата од Кембриџ. За браќата што се грижат толку длабоко за прашањата околу менталното здравје, употребата на говор на омраза на овој начин е навредлива и потенцијално штетна“.

Тврдењата за малтретирање беа сериозно оспорени од други извори блиски до кралското семејство и принцот Хари, пишува во статијата „Тајмс“.

Во октомври, Хари одговори на шпекулациите за расправија меѓу браќата велејќи дека тие се „на различни патеки во моментот“, но дека тој го сака Вилијам.

Треба да знаете
Последни објави