Search

Харадинај смета дека Меркел ги познава потребите на Косово

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај оцени дека германското претседателство со Советот на ЕУ, што почнува денеска, е добра вест за косовските граѓани.

„Германија постојано го поддржува Косово во насока на независност и градење на државата, така што претседателството на сојузниците на ЕУ, како Германија, е добра вест за граѓаните на Косово”, напиша Харадунај на својата страница на Фејсбук.

Тој додаде дека канцеларката Меркел ги разбира потребите на Косово, пренесува Косово онлајн.

Харадинај рече дека не се сомнева дека за време на германското претседателство со ЕУ, „новата енергија” ќе го доврши процесот за визна либерализација и ќе ги подобри процесите за евроинтеграција.

Треба да знаете
Последни објави