Search

Харадинај помеѓу два огна – укинување на таксите или избори

Политичкиот аналитичар, Фатон Мехмети, очекува укинување на наметнатите такси на производите од Србија и Босна и Херцеговина, следната недела.

Според неговите зборови, косовскиот премиер, Рамуш Харадинај се нашол помеѓу два огна – или укинување на таксите или ќе бидат распишани избори.

„Јасно е дека Косово нема друг начин освен укинување на мерката“, рече Мехмети за приштинскиот весник „Бота сот“.

Тој смета дека барањето на Харадинај за одржување на меѓународна конференција за косовското прашње е исправно, но тешко остварливо, па владата ќе биде присилена да ги укине таксите.

Доколку Харадинај продолжи да инсистира на задржуавње на таксите, изборите се речиси извесни, посебно имајќи в предвид дека ситуацијата на Косово дополнително ја комплицираат и штрајкови.

„Помеѓу овие две решенија,мислам дека Харадинај направил пресметка и нема да има храброст да излезе на избори, бидејќи знае дека повеќе нема да биде премиер“, изјави Мехмети.

Треба да знаете
Последни објави