Search

Хаос во Тирана: Се тепаа навивачи на Рома и Феенорд, повредени 12 полицајци

Вечерва во Тирана се игра големото финале во Конференциската лига на УЕФА помеѓу Рома и Феенорд.

Синоќа навивачите на двата тима предизвикаа општ хаос во албанскиот главен град. Ултрасите на Рома и Феенорд не се тепаа само меѓусебе, туку Италијанците и Холанѓаните имаа блиска средба со албанската полиција. фановите на Феенорд дури имаа тепачка и со локалните жители.

Исходот од инцидентите се 60 уапсени лица и 12 повредени полицајци од кои двајца се потешко повредени.

 

Треба да знаете
Последни објави