Search

Хаос во Еквадор: Демонстрантите палат и крадат се што ќе стигнат

Демонстрантите во Еквадор ги блокираа улиците, се судрија со полицијата и крадеа додека протестираа поради укинување на субвенциите за гориво.

Демонстрациите запалија гуми и ги блокираа улиците со гранки стебла, објави дневникот „Ел Комерцио“. Десетина камиони ги блокираа улиците.

Протести има и на други места во земјата, а домашните житело крадат во фабриките за млеко и на фармите за цвеќе. Автохоното население презеде водство во протестите во покраината Котопакси за време на викендот, блокирајќи ги улиците во неколку региони, а објавено е дека пораснала цената на превозот и храната.

Во четвртокот пораснаа цените на горивата повеќе од двојно, по што Владата ги укина субвенциите на горивото, кои постојат веќе 40 години, со објаснување дека тие ја нарушуваат економијата на земјата.

Треба да знаете
Последни објави