Search

Хан утре доаѓа во Македонија

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија.

Според агендата, Хан изутрина ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Хан ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Минатата недела Хан на прес-конференција во Брисел ги најави посетите на Македонија и на Албанија и отпочнувањето на скрининг процесот на овие две земји. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.

Премиерот Зоран Заев во петокот на средбата со претставници на граѓанските организации изјави дека со доаѓањето на Хан во Скопје почнува скрининг процесот.

Треба да знаете
Последни објави