Search

Халанд замина за Манчестер

Новото засилување на старо-новиот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Холанд попладнево со лет од Барселона замина во својот нов клуб . Тој беше во Барселона на лекарски прегледи, а потоа се упати на Островот.

Од видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека со него е и неговиот татко Алф-Инге Холанд. Норвежанецот пред повеќе од една недела го одигра последниот натпревар за бундеслигашот Борусија Дортмунд. Манчестер сити го ангажире голгетерот  откако ја активираше откупната клаузула од 75 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави