Search

Францускиот Парламент ќе предложи нов член 24 од предлог законот за глобална безбедност

Парламентарното мнозинство во францускиот Парламент ќе предложи нова верзија на членот 24 од нацрт-законот за глобална безбедност, што се однесува на забраната за емитување слики и видео материјали од полицајци за време на интервенција.

Токму овој член од нацрт-законот предизвика големо незадоволство кај Французите, критики во медиумите и осуда на организациите за заштита на човековите права и слободи.

-Парламентарното мнозинство ќе предложи членот 24 повторно да биде напишан, бидејќи се уште постојат одредени сомнежи за него, изјави шефот на парламентарната група на владејачката Републиката во движење (ЛРЕМ), Кристоф Кастанер.

Противниците на овој член оценија дека претставува пречка за правото на слободно информирање и побараа негово целосно повлекување од текстот на идниот закон.

Во Франција во саботата се одржаа протести против овој закон.

Треба да знаете
Последни објави