Search

Франција казнета од УЕФА поради пропуст со албанската химна

– Европската фудбалска унија, УЕФА, парично ја казни француската фудбалска федерација, бидејќи пред мечот со Албанија, беше пуштена погрешна химна. Казната која ја одреди УЕФА е 20.000 евра.

Наместо албанската, на разгласот на стадионот во Париз се интонираше химната на Андора, а дека Французите се скарани со географија, покажа и тоа дека откако сфатија дека погрешиле, спикерот јавно им се извини на навивачите од Ерменија?!

Средбата почна со десетминутно доцнење, додека организаторите конечно да ја најдат вистинската химна. После натпреварот, и претседателот Емануел Макрон им се извини на гостите за непријатноста. 

Треба да знаете
Последни објави