Search

(Фото) Хероините од „Сексот и градот“ повторно на едно место: Со првата фотка од сетот покажаа колку се промениле

Трите дами од легендарната серија „Сексот и градот“ повторно на едно месо. Кери, Миранда и Шарлот и ден денес зрачат со убавина, а сепак доста се промениле од тоа што го паметиме.

На почетокот на оваа година, обожавателите на серијата „Сексот и градот“ беа воодушевени од веста дека хероините ќе се обединат за да го снимаат продолжението на оваа култна серија. Сепак, многумина беа разочарани кога дознаа дека Ким Катрал, која ја играше Саманта Џонс, нема да се појави во серијата.

Снимањето на 10 нови епизоди е најавено за почетокот на летото, а судејќи според фотографијата објавена од главната актерка Сара Џесика Паркер, подготовките се во тек.

На својот профил на Инстаграм, таа објави фотка со Синтија Никсон (Миранда) и Кристина Дејвис (Шарлот).

Во описот на објавата, таа напиша:

– Повторно заедно. Ги читаме нашите први епизоди, заедно со момците и новите членови на тимот.

Објавата доби неколку коментари дека следбениците „едвај чекаат да гледаат нови епизоди“, но имаше и такви кои прашуваа „каде е Саманта“ и веќе изјавија дека серијата нема да биде иста без нејзиниот лик.

Она што можеме да го забележиме е дека актерките многу се смениле со текот на годините. Синтија моментално нема црвена коса, што покрај остриот карактер беше нејзин заштитен знак, додека многумина се прашуваа за Кристин „што направила со лицето“ и дека „сè уште не и треба ботокс“.

извор:zenskikutak.rs

Треба да знаете
Последни објави