Бред и Џенифер се сретнале во бекстејџот, размениле неколку зборови и се смееле, а сето тоа е снимено од камерите. Но, додека Џенифер сакаше да си замине, Бред продолжи да и ја држи раката, што во моментов е фотографијата што најмногу ќе ја видите на Инстаграм, Твитер, Фејсбук …

Таа е споделена од многу познати личности, а обожавателите сега се надеваат дека ова е знак дека Бред сфатил дека никогаш не требало да му ја пушти раката на Џенифер.

View image on Twitter
View image on Twitter
„Знам дека е погрешно затоа што тој ја изневеруваше, но посакувам повторно да бидат заедно“, „Може ли конечно повторно да бидат заедно заедно? Не можам да се справам со овие фотографии“, „Оваа фотографија на Бред и Џен … Не зборувај со мене!“, „Оваа фотографија ќе го сруши интернетот”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Да потсетиме, парот се разведе во 2005 година, откако Бред ја запозна Анџелина Џоли.

View image on TwitterView image on Twitter
Патем, Бред синоќа ја освои наградата за најдобар перформанс на „Anytime“ во Холивуд, а Џенифер за нејзината улога во драмската серија „The Morning Show“.

View image on Twitter